Јачмен за понизок холестерол и шеќер во крвта

Јачменот употребете го за да направите вкусно јадење што традиционално се јаде во северна Италија и се подготвува на ист начин како и традиционалното рижото.

0
167

Јачменот брзо предизвикува чувство на ситост, па затоа е идеален за луѓе кои се на диета. Го олеснува празнењето на цревата и спречува запек.
Го намалува нивото на лош холестерол во крвта и спречува појава на камења во жолчката. Придонесува за намалување на крвниот притисок – ги штити срцето и крвните садови. Го намалува нивото на шеќер во крвта и го стимулира лачењето на инсулин. Може да помогне во спречување на рак на дебелото црево.

Ако ова ви беше доволно, тогаш направете го вашето лажно рижото полно со протеини што нема да можете да престанете да го јадете.
Орзото е вкусно јадење што традиционално се јаде во северна Италија и вклучува јачмен (на италијански – orzo) сварен на ист начин како и традиционалното рижото.

Рижото од јачмен, кое може да се нарече и ричото, треба да се разликува од јадењето подготвено од тестенини орзо што се сечат во форма на ориз.

Јачменот е поевтина и похранлива намирница од оризот арбиорио, кој обично се користи за подготовка на рижото, па затоа не е изненадувачки што ова јадење освои добар дел од светот. Може да се спои со различни видови месо и зеленчук.

Згора на тоа, подготовката на орзото или ричото не е толку тешко, такашто може да го совладаат и оние кои не се многу вешти во кујната.

Состојки за ричото:

200 грама јачмен
750 мл течност (супа)
1 чаша бело вино
1 кромид
1 чешне лук
2-3 лажици маслиново масло
2 гранчиња свежа мајчина душица
1 тиквичка
1 грст свеж магдонос
малку путер

Приготвување:

На маслиново масло пропржете ситно исечен кромид, лук и мајчина душица.

Додадете го јачменот во тавата и измешајте сè добро.

Прелијте со бело вино и почекајте алкохолот да испари.

Додадете ја течноста и оставете го да се готви заедно околу триесет минути. Повремено мешајте.

Јадењето е готово кога јачменот ќе ја впие целата течност.

Кон крајот на готвењето, додадете ги сечканите тиквички и путерот и зачинете со сол и црн пипер по желба.

Послужете топло со сезонска салата.