Јајца и ореви – најдобра храна за мозокот

Исто така се препорачува и зелен зеленчук, кој е богат извор на витамин Е, клучен за здравјето на мозокот

0
322

Коефициентот на интелигенција е многу важен затоа што го одредува нашето учење, како и прилагодувањето и разбирањето на светот околу нас. Врз висината на коефициентот на интелигенција влијаат голем број фактори, вклучително и исхраната, велат експертите.

Иако не сме сите подеднакво интелигентни, сепак можеме да направиме нешто за да го подобриме коефициентот на интелигенција. Научниците навеле неколку намирници кои имаат големо влијание на ова.

Зелен зеленчук – овој вид зеленчук има корисен ефект врз целото тело, вклучувајќи го и мозокот. Тој е богат извор на витамин Е, кој е клучен за здравјето на мозокот, како и за намалување на ризикот од Алцхајмерова болест.

Јајца – оваа најдобра, но и најевтина хранлива намирница е многу важна за развојот на интелигенцијата. Сировите јајца содржат протеини и здрави масти кои се клучни за развојот на мозочните функции, особено кај младите луѓе. За да се задржат хранливите вредности колку што е можно повеќе, јајцето треба да се вари што е можно пократко.

Ореви – тие се многу важни за меморијата бидејќи содржат омега-3 масни киселини и полинезаситени масти кои телото не ги произведува, па мора да ги внесуваме преку храната. Истражувањата покажале дека само 29 грама ореви содржат 2,6 г омега-3 масни киселини, додека лажичка масло од орев содржи 1,4 г полинезаситени масти.

Фото: Pixabay