Јуфки со мак

Дали сте го пробале досега ова јадење, едно од омилените на Ѓорѓе Балашевиќ, опеано во песната „Ал се некад добро јело“?

0
260

Ако не сте имале можност да ги испробате славните јуфки со афион, оние од песната на Ѓорѓе Балашевиќ – „Ал се некад добро јело“, алијас резанци с маком, сега е вистинското време. После можеби ќе ви текне и за шненокли, и за цел репертоар, ама да почнеме од јуфките.

Состојки:

300 г брашно
1 јајце
1 лажичка сол
200 мл вода
20 г путер
3 лажици мелено семе од афион
2 лажици шеќер

Приготвување:

Замесете тесто од брашно, вода, јајца и сол. Оставете го 30 минути. Расукајте го што е можно потенко и оставете го да се исуши 3-4 часа.
Сечете го на ленти со дебелина од 1 см. Варете ги јуфките во солена вода околу 10-15 минути.
Измешајте ги афионот и шеќерот. растопете го путерот, додадете ги јуфките и  поросете ги со афион. Послужете топло.

Фото: Твитер