Љубители на модри патлиџани, навалете додека ги има!

Иако за зима ги замрзнуваме, модрите патлиџани се најубави кога им е сезона. Затоа, искористете ги до максимум додека уште ги има, а во зима, од замрзнатите, правете малиџано и мусака

0
841

Покрај здравствените придобивки, модрите патлиџани се одлични за додавање дополнителен вкус и текстура на јадењата и токму заради нивната текстура можат да го заменат месото во некои јадења.

Модрите патлиџани се одлични во комбинација со сос од домати, па можете да ги користите во пасти, лазањи и во мусака. Друг начин да се подготват е на скара, попрскани со сол и црн пипер или со омилените зачини. Сепак, еден од нашите омилени начини е овој, со маслиново масло, многу, многу лук и многу, многу магдонос.

Се сечат на половина и се редат на тепсија, па се потпекуваат додека да омекнат за да можат да се згмечат со вилушка. Ги гмечите за да направите место за полнењето. Се преливаат со маслиново масло и се става голема количина лук. Можете да ставите и сирење и да потпечете уште малку.

На крајот ставете свеж и ситно сечкан магдонос.

Вкусни се и без сирење, па затоа, секој според вкусот.