Сте пробале ли некогаш мармит?

Фото: Unsplash
94

Овој култен намаз од пивски квасец се произведува од 1902. година, а се јаде на тост врз путер или сирење. Поради витаминот Б со кој е збогатен овој необичен солен намаз со многу карактеристичен вкус, бил и дел од исхраната на англиските војници во текот на Втората светска војна.

Станува збор за густ темен намаз произведен од екстракт на квасец кој настанува како биопродукт во процесот на производство на пиво, многу поуларен во земјата од која доаѓа – Англија, но и во некои земји кои биле англиски колонии.

Овој култен намаз се произведува од 1902. Година, се јаде на тост врз путер или сирење, а поради витаминот Б со кој е збогатен овој необичен солен намаз со многу карактеристичен вкус, тој бил и дел од исхраната на англиските војници во текот на Втората светска војна.

Кога пред повеќе години во Данска била со закон забранета продажба на производи во кои се додаваат витамини и овој популарен намаз бил повлечен од полиците што предизвикало големо негодување во Англија, дотаму што имало дури и предлози да се бојкотираат некои дански производи како што се сланината и Лего. Секако, случајот бил позитивно решен, а фирмата која го продава овој намаз во Данска морала да бара посебно одобрение за продажба, па после 1-2 години тој повторно се нашол на полиците на радост на многу Англичани кои живеат во Данска.

Самиот вкус не е лесно да се опише, па веројатно заради тоа може само да ви се допаѓа или да не ви се допаѓа. Инаку, се препорачува сосема тенок слој од него кога се пробува за првпат.

Глутаматите во утринскиот оброк со овој намаз од пивски квасец активираат делови од мозокот поврзани со општата регулација и докажано е дека го намалуваат внесот на заситени масти во текот на денот, велат научниците.