10 грешки поради кои пицата не ви успева

Најдоброто брашно за пица брашно тип 00, а може да се замени со мешавина од меко и остро во одреден сооднос ...

0
612

Ако ви се допаѓа пица со пршут, не го ставајте најгоре за да не изгори. Наместо тоа, ставете го на тесто премачкано со сос од домати, а потоа наредете ги сите други состојки. Така, пицата ќе има добар вкус, а пршутот ќе ја задржи сочноста.

Ако правите пица со солени инчуни, за да не биде премногу солено, исплакнете ги со вода претходно и исушете ги. Шампињоните пак оставете ги да стојат три до четири часа на собна температура, такашто тестото нема да ја апсорбира нивната влага и да омекне..

Никогаш премногу кашкавал …

Иако многу луѓе мислат дека пицата никогаш не може да има премногу кашкавал, тоа не е точно. Проблемот се јавува кога тестото не може повеќе да ја издржи тежината на кашкавалот, па пицата ја губи својата форма.

Премногу фил

Настрана од лекцијата за „нарушување“ на тестото, како што е случајот со вишокот кашкавал, премногу додатоци значат дека пицата нема да се пече рамномерно. Тестото може лесно да загори, а филот не е ни приближно готов.

Поука за зеленчукот

Со додавање на премногу зеленчук што пушта вода, како на пример тиквички, тестото од пица може да стане меко по печењето. Истото важи ако зеленчукот што содржи многу вода се сече на преголеми парчиња.

Ледено доба

Секогаш ставајте ја пицата во загреана рерна на највисока можна температура. Ако се пече на ниска температура, тестото може да биде премногу меко или влажно.

Само опуштено

Ако користите купечко тесто или домашно кое било во фрижидер, пред печење дајте му доволно време да се загрее на собна температура. Во спротивно ќе биде тврдо и невкусно.

Сукало на неуспех

Ако користите сукало за тесто, бидете внимателни да не го преработите премногу и да ги издувате сите воздушни меури што овозможуваат фантастична структура. Наместо сукало, подобро е да ги извалкате рацете.

Хартија за печење

Хартијата за печење е одлична идеја за колачи, но не и за печење пица затоа што тестот нема да успее доволно да се загрее. Печете ја на намрсен лим.

Веќе се гледа масата…

Италијаните се познати по тенкото тесто, но и тие знаат да ја задржат мерката во развлекувањето пред да стане проѕирно. Развлечете го, но не премногу тенко затоа што нема да може да го издржи филот. Идеалната дебелина е помеѓу 3,5 и 6 мм.

Минути како години

Добрата пица вреди да се почека, па оставете ја во рерна пет минути пред да ја послужите за да можат вкусови убаво да се поврзат.

Погрешно брашно

Добар избор на брашно за пица е ситно мелено, тип 00, но исто така ќе послужи и мекото. Можете да му додадете и остро, но не претерувајте, нека не биде повеќе од една третина на вкупната количина.

Фото: Pixabey