10 сложени јаглехидрати кои мора да ги вклучите во менито

Додека сладоледот, белиот леб, слатките и засладените сокови е во ред да се јадат одвреме навреме, во секојдневното мени треба да се вклучат оние јаглехидрати што доаѓаат од целозрнести пекарски производи, мешунки и скробен зеленчук, пренесува Women’s Health

0
321

Запознаени сме за фактот дека јаглехидратите дебелеат – тука претежно се мисли на преработени производи кои содржат многу бело брашно и / или шеќер. Но, на телото му требаат јаглехидрати бидејќи тие се неопходни за производство на енергија во организмот, па затоа е најдобро да посегнете по природните и хранливи извори на овој омразен нутриент.

Сложените јаглехидрати се сметаат за „добри јаглехидрати“ затоа што им треба подолго време за варење и не го зголемуваат нивото на шеќер во крвта колку едноставните јаглехидрати од преработената храна, објаснува Ха Нгуен, регистрирана диететичарка и нутриционистка.
Додека сладоледот, белиот леб, слатките и засладените сокови е во ред да се јадат одвреме навреме, во секојдневното мени треба да се вклучат оние јаглехидрати што доаѓаат од целозрнести пекарски производи, мешунки и скробен зеленчук, пренесува Women’s Health

Овесни снегулки

Стариот, добар овес е секогаш добар избор затоа што е полн со магнезиум, железо, фолна киселина, витамини од групата Б и многу други хранливи материи. Исто така, го намалува нивото на лош (ЛДЛ) холестерол. Наутро, како каша може да биде силен извор на енергија, без разлика дали се подготвувате за работа или за тренинг. Најдобрите резултати се загарантирани и во двата случаи!

Сладок компир

Слаткиот компир не е само слатка верзија на обичниот компир. Богат е со бета-каротен, што му ја дава карактеристичната жолта или портокалова боја и помага во спречување на срцеви заболувања и рак, како и протеини кои обезбедуваат антиоксидативна заштита.

Батернат тиква

Може да биде одлична замена за сладок компир или компир ако сакате да внесете нешто скробно со мал број калории. Исто така е полна со витамин Е кој го подобрува здравјето на кожата.

Компири

И обичниот компир не мора да биде штетен ако е правилно подготвен. Сварен на пареа со малку маслиново масло или печен во рерна со зачини може да биде сојузник во слабеењето, а богат е со калиум, кој го има повеќе од бананите, што е совршено за контрола на крвниот притисок.

Црн грав

„Гравот е добар извор на протеини и растителни влакна, два клучни нутриенти кои ја одржуваат ситоста“, вели Нгуен. „Ќе ви помогне да бидете сити долго време и да го превенирате прејадувањето на следниот оброк и грицкањето помеѓу оброците. Гравот е исто така ефтин и лесна замена за животински протеини“.

100% интегрален леб

Нема причина да се откажете од сендвич додека се обидувате да изгубите тежина, но затоа треба внимателно да прочитате што е напишано на декларацијата кога купувате леб. Секогаш треба да се бара 100% интегрален леб, а притоа да нема адитиви и да не е од мешани житарки. Ако имате време, можете да печете ваш леб, има безброј рецепти за многу едноставни, домашни, интегрални лебови.
Овој вид леб ќе ви помогне за слабеење, како и за внес на влакна, а исто така може да помогне во намалување на ризикот од дијабетес тип 2, срцев удар и срцеви заболувања.

100% интегрални тестенини

Како и кај лебот, треба да се провери на амбалажата дали тестенините се 100% интегрални и може да се комбинираат со зеленчук, маслиново масло, песто, пилешко или риба. Влакната од интегралните тестенини ќе ве заситат подолго време.

Киноа

Иако е технички семе, а не житарка (што го прави автоматски без глутен), киноата има слични својства како необработените житарки и е одлична за варени јадења, салати и утрински оброци.

Кафеав ориз

Во кафеава верзија, оризот има повеќе растителни влакна, протеини и хранливи материи што го прави идеален сојузник во слабеењето бидејќи дава долготрајно чувство на ситост. Исто така е полн со железо, цинк, селен и витамини од групата Б.

Леќа

Со низок процент на маснотии, леќата може да биде ефтина, заситна алтернатива на месото во едноставни јадења. Содржи големи количини на протеини и растителни влакна.

Фото: Pixabay