11 проверени совети за совршен пандишпан

Овој бисквит се користи за подготовка на повеќето десерти, а со овие трикови секогаш ќе ви биде успешен

0
165

Дали некогаш ви се случило пандишпанот да ви распука за време на печењето или да се распадне? Ако не излезе како што очекувавте, погледнете неколку совети од хрватската блогерка Наташа Пралица, и пандишпанот ќе биде секогаш успешен.

Освен ако не е поинаку наведено во рецептот, матете ги одделно жолчките и белките.
Секогаш ставајте ги белките во целосно сув сад.
Кога ќе ги изматите пенливо жолчките со шеќер, не ги оставајте да стојат и да се направи кора, туку продолжете веднаш да ги додавате другите состојки.
Ако ви падне жолчка во белките, извадете ја со помош на лушпата од јајце.
Белките се готови тогаш кога ќе ги завртите надолу, а тие цврсто стојат во садот.
Брашното и прашокот за пециво секогаш просејте ги заедно, а доколку не сакате да сеете, прво измешајте ги заедно.
Кога додавате белки во жолчките, секогаш нежно помешајте ги со лажица, бидејќи смесата може да спласне ако се мати со миксер.
Рерната секогаш мора прво да се загрее – дури тогаш се става пандишпанот за печење.
Никогаш не ја отворајте рерната додека не помине барем половина од печењето, бидејќи може да се случи пандишпанот да спласне.
Кога ќе го извадите од рерна, боцнете ја средината со чепкалка за заби и ако е сува, значи дека пандишпанот е печен, а ако не е сува, допечете ја.
Почекајте да се излади, затоа што полесно ќе се оддели од калапот, хартијата за печење и полесно ќе се исече.

Фото: Pixabay