15 идеи за колоритни и брзо декорирани маси за Велигден

Да се има бранч (оброк наместо доручек и ручек) во дворот е одличен начин да се прослави Велигден.

0
5534

Велигден е одлична прилика за прослава во кругот на семејството и пријателите. Дајте му пријатен тон на вашето празнично собирање околу масата што ќе остане незаборавно со помош на овие 15 идеи за лесно и брзо украсување.

1
Предмети инспирирани од природата

Поставете на масата предмети инспирирани од природата како освежување за пролетниот неформален, но сепак совршен велигденски изглед на масата. Според ваша инспирација, распоредете природна или вештачка трева на бела чинија за слатки со стапалка, на неа ставете украси, како на пример, дрвени мравки, јајца и фигура на зајак. За да се привлече вниманието на окото нагоре обесете венец од јајца на лустерот. Нека се почувствува женскиотдопир на масата со тоа што ќе ставите зелени круши во деликатни цветни шолји за чај.

2
Тема со моркови направени од ткаенина во точки

Моркови направени од шарена ткаенина во портокалова боја со бели точки го одредуваат тонот на аранжманот за оваа велигденска тема. Неколку моркови од ткаенина ставете ги во голема стаклена вазна на средината на масата. Поврзете ја темата со забавни додатоци, како куче направено од мали зелени цвеќиња и мали велигденски кошнички или кантички со точки. Бели лалиња во вазни од млечно бело стакло ќе ја оживеат масата, а портокаловиот сок во чаши во облик на круша украсени со зајчиња направени од хартија и сламки во зелено-бели риги ќе ја дополнат темата.

3
Шармантно украсена маса во двор

Да се има бранч (оброк наместо доручек и ручек) во дворот е одличен начин да се прослави Велигден. За да ѝ дадете шармантен изглед на викендичката поставете на средината од масата една гранка со изглед на мало дрвце испрскано со спреј во бела боја, а околу него наредете пастелни жолти и сини јајца. Разубавете го изгледот со соодветни пастелни додатоци како што се керамички птици и книги.

4
Брз десерт во чаша

За вкусен и шик велигденски десерт исполнете мали чаши за мартини со слој од раздробен колач од морков, врз него слој со фил од крем-сирење и повторно малку раздробен колач и фил нанесен со шприц. За завршен изглед користете шлаг во портокалова и зелена боја кои со шприц ќе ги нанесете врз филот во форма на морков. На држачот на чашата врзете панделка од портокалова трака. Чашата со десертот послужете ја на бела чинија што ќе создаде неверојатен контраст со стил.

5
Едноставно, но сепак драматично

Овој едноставен пролетен аранжман се вклопува со било кој стил дома. За надворешниот амбиент да го внесете дома исполнете високи стаклени вазни со гранки од врба за истакнување на драматичниот изглед на масата. Околу вазната наредете мали вазни со бело цвеќе и бели садови со сини јајца и други додатоци за дополнителни нагласки.

6
Акценти во розова боја

Кафена покривка за маса и големи чинии се основата за оваа вкусно поставена маса. На масата пред секој гостин поставете розови големи чинии а врз нив цветни десертни чинивчиња, врз нив пак, длабоки чинии во форма на зелка во кои ќе ставите една мала кошница со цвеќиња и лажно јајце што е убав подарок за гостите. Розовите додатоци, како што се стаклени чаши за сладолед, јајца и цветови од цреша ќе бидат противтежа на темно кафениот чаршаф.

7
Прекрасен централен дел од маса

Креирањето велигденски ускрасен централен дел од масата може да биде лесно и вкусно. Исполнете мал сад со цвеќарска пена и покријте ја со исечкана хартија што ќе служи како основа. На врв на слатки стапчиња закачете минијатурни корпички со колач од морков, а на врвот на колачот ставете малку портокалов и зелен шлаг во форма на мини морков. Меки чоколадни сендвич колачи залепени со фил наредети ги на стапче од бамбус како раженчиња за да добиете слоевит изглед, а на врвот закачете портокалово јајце. Впрочем, нема да згрешите ако додадете разни други колачиња забодени на стапчиња во аранжманот за да добиете побогат и забавен изглед.

8
Рустичен изглед на маса

За да креирате рустикален изглед на средината на масата поставете висока и широка стаклена вазна во кафез и наполнете ја со лажни јајца во крем, зелена и кафена боја. Распоредете додатни јајца и вештачки гнезда за птици околу основата на држачот на вазната и сето тоа нека биде поставено врз светло зелена покривка за маса како позадина. Мешање на разни чинии овозможува флексибилност во украсувањето. Тоа влијае добро на паричникот, бидејќи и едноставна лента во боја може да ја украси секојдневната стакларија да одговара на посакуваната тема. Ставете чоколадни зајачиња во мали длабоки чинии како декор, а кои потоа гостите ќе си ги земат како подарок.

9Мешање и спарување на шеми

Започнете со централниот дел на масата при создавањето на весело украсена маса. Завиткајте тегли и метални конзерви со цветна хартија за завиткување и пополнете ги со растенија, како што се шпански мов и лалиња. Одберете садови во различни висини и ставете ги од двете страни на украсените тегли долж тесната долга украсна покривка на масата. Сето тоа зачинете го со сервис за јадење и шолји за кафе во точки и линии во соодведтни бои.

10
Пролетна инспирација на свечената маса

За централниот дел од масата да добие на висина, распоредете 3 чинии за торта со постамент во различни големини и висини на кои ќе распоредите мов кој се купува во цвеќарите. Врз мовта поставете керамички бели бокали со цветови во пастелни бои од пазар.

11
Вештачки цветови за коса за секој гостин

Едноставна декорација од кинески порцелански чинии со штиркани бели памучни салфети на кои ќе ставите по еден вештачки цвет за коса со игла. Гостите можат да ги носат за време на забавата, а потоа да ги земат како подарок.

12
Велигденски бранч со цитруси на отворено

Изнесете ги трпезариската маса и столовите надвор и ручајте под ведро небо (Alfresco). Комбинирајте бели и портокалови цветови во големи бели вазни со дополнителен акцент од распоредено цитрусно овошје на масата за да се создаде елегантно декорирана велигденска маса.

13
Акценти во боја на диња

Прескокнете ги традиционалните розева, зелена и жолта боја и одлучете се за акцент во боја на диња за перничињата на столовите и бојата на сервисот за јадење. Одберете цветен аранжман со портокалови, зелени и црвени цветови за централниот дел од масата. За подобрување на палетата на бои врзете панделки во овие бои на задната страна на секој стол.

14
Тема со птици

Украсете голема чинија за овошје или послужавник со тематските елементи од птици за да се создаде силен велигденски впечатлив централен дел на масата. Додадете слој од мов од цвеќарница и наредете додатоци што веќе ги имате дома. Може да украсите со високи свеќници, куќичка за птици, пластични јајца, керамички птици и мали гнезда. Едноставен бел прибор за јадење со птичји мотиви ќе ја нагласи одбраната тема.

15
Чудесно декорирана маса во пастелни бои

Средината на оваа маса е декорирана со еден огромен велигденски зајак кој дава забавен карактер на декорацијата. Хартиената трева, лажните пастелни јајца и сјајот на пастелните чаши со свеќи во форма на јајце го опкружуваат зајачето за да придонесат за дополнителна разиграност. Пополнете мали пастелни керамички кошнички со бомбони во форма на јајца кои ќе служат како држач за картичката со името на гостите и воедно ќе претставуваат подарок за нив. Бели нарциси во правоаголна плетена

Подготви: А.Ј.