Рецепт за крем супа од тиква и леќа

Еве идеја за брз и здрав ручек од тиква и леќа, хранливи состојки со кои во организмот ќе внесете многу белковини, влакна, витамини и минерали, а многу малку калории

0
193

Состојки:

1 лажица маслиново масло
2 главици кромид, сечкани
2 чешниња лук, сечкани
приближно 800 г исечкана тиква, плус семки
100 г црвена леќа
малку мајчина душица
1 л топол бујон од зеленчук
малку сол

Приготвување:

Загрејте го маслото во голема тава и пропржете го кромидот додека не омекне. Додадете ги лукот, тиквата, леќата и мајчината душица, а потоа и врелиот бујон. Зачинете, покријте го тенџерето и оставете го да врие 20-25 минути додека не омекнат леќата и тиквата.

Во меѓувреме, измијте ги семките од тиква. Извадете го месото што се залепило за нив, а потоа исушете ги со кујнска хартија.

Загрејте 1 лажичка масло во нелеплива тава и пржете ги семките додека не почнат да скокаат и да пукаат. Често мешајте, но покријте ја тавата. Кога семето изгледа дека е готово, додадете малку сол и малку шеќер и добро измешајте.

Изматете ја зготвената смеса од тиква со рачен миксер или во блендер додека не се изедначи, а потоа додадете павлака за готвење и промешајте повторно. Послужете со лажица павлака, неколку листови мајчина душица и поросете со семки од тиква.

Фото: Pexels