2 состојки, 15 минути, 93 калории, 50 денари

Ова е најбрзиот, најефтиниот и најздравиот десерт!

0
3897

Најбрз, наједноставен, најефтин и здрав. Ќе го прочитате брзо, ќе го направите уште побрзо, а ќе уживате во овој здрав оброк најмногу што можете

Состојки за 8 до 10 кекси:

2 зрели банани
100 г меки овесни снегулки

Приготвување:

Излупете ги бананите и испасирајте ги со вилушка, па помешајте ги со овесните снегулки. Мешајте ги додека не добиете компактна смеса. Врз хартија з апечење со лажица распоредете ја смесата за кексите и еднакво обликувајте ја. Можете да ги поросите со дробени лешници, но и не мора.
Печете ги на 200 степени околу 15 минути.