Јаболковиот оцет е лек за Кандида

Најдобриот начин за исфрлање на токсините, слузта, лошите бактерии и габите од телото е јаболковиот оцет.

0
410

Ве мачи постојан замор, воспаление на синусите и промени во расположението? Дали сте забележале осип и непријатни габички на вашата кожа? Дали сте исто така склони кон алергии на одредена храна? Многу е веројатно дека страдате од габичната инфекција кандидијаза.

Кандидата најчесто се смета за хронична, но не мора да биде. Постои природен лек за се, вклучително и за габични инфекции. Секој од нас веќе има разновидни габи и бактерии во нашето тело, од кои некои се сметаат за добри, а некои за лоши. Но, најлошата ситуација е кога лошите габи или бактерии се размножуваат бидејќи тогаш предизвикуваат здравствени проблеми. И ова најчесто се случува кога внесуваме нездрава храна во телото. Во нашиот дигестивен систем, како и на кожата и слузниците, живее габата Candida albicans.

Се храни со шеќерот што го внесуваме во телото, претежно со оние од рафинирани јаглехидрати, колачи и храна богата со скроб, ако јадеме премногу од нив. На нејзиното размножување ѝ погодува и зголемено консумирање на некои други намирници – на пример, сирење, вино и пиво. Сите овие намирници треба да се отстранат од менито или драстично да се намали со консумацијата, доколку сакате да се ослободите од кандидијазата.

Важноста на промената во исхраната

Првиот и најважен чекор во борбата против Кандида е – промена во исхраната. Со консумирање здрава храна која не ги храни овие габи, ќе помогнете и во репродукцијата на добрите бактерии, кои се клучни за доброто здравје.

Наместо преработена храна богата со шеќер и скроб, вклучете ги што е можно почесто во вашата исхрана следните намирници:

зелен зеленчук
јаткасти плодови
кокосово масло (има антигабични својства)
коренест зеленчук сиромашен со скроб, како цвекло
ферментирана храна, како кисела зелка
овошје и зеленчук со малку шеќер (бобинки, зелени јаболка, краставици, домати, лимони, лимета)
Покрај здравата храна, постои уште едно одлично природно решение за оваа болест, а тоа е јаболковиот оцет.

Која е тајната на јаболковиот оцет?

Јаболков оцет се формира со ферментација со помош на добри габи кои дејствуваат како пребиотик и ги хранат добрите бактерии во нашиот дигестивен систем. Тоа е одличен избор ако сакате да излечите габична инфекција благодарение на неговите антибактериски и антигабични својства.

Овој супер здрав оцет треба да го земате орално, бидејќи тоа е најдобриот начин да ги исфрлите токсините, слузта, лошите бактерии и габите од вашето тело. Со отфрлање на лошите бактерии, исто така, ќе спречите дополнително размножување на габите кои предизвикуваат кандидијаза.

Употреба на јаболков оцет во третманот на Кандида

Измешајте 1 лажица јаболков оцет со малку топла вода и пијте наутро, попладне и навечер, пред или после оброк. Ако сакате малку да го подобрите вкусот, додадете малку цеден лимон или стевиа. Можете исто така да додадете помали количини јаболков оцет во билните чаеви.

Јаболков оцет се нанесува и на кожата, односно со негово нанесување на деловите од кожата погодени од габични инфекции. И во тоа се покажа како одлична помош.

Забелешка: важно е да користите квалитетен домашен или органски јаболков оцет бидејќи тоа ќе има најдобар ефект во борбата против габите. Тоа е оцет кој има во себе „мајка“, односно добри бактерии од кои се формира самиот оцет.

Јаболков оцет + ферментирана храна

Покрај јаболков оцет, важно е да консумирате ферментирана храна, како кисела зелка, кимчи и мисо. Имено, јаболковиот оцет е богат со пребиотици, кои ги хранат добрите бактерии, па затоа треба да обезбедите доволен внес на овие добри бактерии преку храната.

Внимавајте да не консумирате млечни производи, шеќер, бело брашно и преработени индустриски производи за време на лекувањето на Кандидата, бидејќи сето ова може да го поттикне растот и размножувањето на габите.

На почетокот на чистењето на телото од Кандида, може да настанат ефекти на детоксикација како блага настинка и несоница, но тие ќе исчезнат по неколку дена.

Фото: Pixabay