27-годишен студент создава соларни плочи од отпад од храна што може да произведува енергија дури и во облачни денови

Оваа година, наградата за одржливост - Џејмс Дајсон, се најде во рацете на 27-годишниот студент од Филипини, Карви Ерен Меигу, кој најде генијален начин отпадот од храна да го претвори во енергија.

0
234

Наградата Џејмс Дајсон е меѓународен натпревар за дизајн што се одржува во 27 земји, и тука е за да ја прослави, охрабри и инспирира следната генерација на инженери за дизајн. Конкурсот е отворен за студенти на универзитетско ниво во областа на дизајнирање на производи, индустриски дизајн и инженерство. Оваа година, наградата за одржливост – Џејмс Дајсон, се најде во рацете на 27-годишниот студент од Филипини, Карви Ерен Меигу, кој најде генијален начин отпадот од храна да го претвори во енергија.

Неговата креација што му ја донесе наградата за одржливост се нарекува AuREUS, и станува збор за систем што ја апсорбира заталканата УВ светлина од сончевата светлина и ја претвора во чиста обновлива електрична енергија – дури и кога времето е облачно. А една од најдобрите работи во сето тоа е што неговите соларни панели се направени од отпад од овошје и зеленчук.

Пронајдокот на Меигу ги користи природните научни принципи зад северните светла. „1 Вишокот на УВ изложеност во урбаните области е предизвикано од стаклените згради. Инспирацијата за решението потекнува од тоа како се создава поларната светлина. Високата енергија (гама, УВ) се деградира во ниско-енергетска состојба (видлива светлина) од луминисцентните честички во атмосферата. Технологијата се заснова на овој концепт и користи слични честички што функционираат“, ја опишува момчето инспирацијата за неговиот пронајдок на веб-страницата на наградата Џејмс Дајсон.

 

Овие нови соларни панели се направени од отпад од овошје и зеленчук и можат да се прицврстат на прозорците и sидовите. „Честичките со висока енергија се апсорбираат од луминисцентни честички кои повторно ги емитуваат како видлива светлина. Сличен вид луминисцентни честички (може да се произведат од одредено овошје и зеленчук) се суспендирани во смолеста подлога и се користат како основна технологија“, објаснува Меигу.

„Кога се погодени од УВ светлина, честичките апсорбираат и повторно емитуваат видлива светлина долж рабовите поради внатрешната рефлексија. PV-клетките се поставуваат по должината на рабовите за да се фати емитуваната видлива светлина. Зафатената видлива светлина потоа се претвора во едносмерна електрична струја. Регулирачките кола ќе го процесираат излезот на напонот за да овозможат полнење на батеријата, складирање или директно искористување на електричната енергија “, објаснува момчето.

Системот продолжува да работи дури и кога времето е облачно. Со други зборови, со употреба на луминисцентни честички добиени од овошје и зеленчук, системот AuREUS дозволува апсорпција на високоенергетски фотони. И бидејќи може да собере УВ преку облаци отскокнувајќи од разни површини, системот работи дури и кога времето е облачно. И една од најдобрите работи во врска со овој систем е што соларните панели се направени од отпад од храна.

„Можеме да користиме AuREUS наместо вообичаени стаклени прозорци, такашто целата зграда може да стане вертикална фарма на соларна енергија. AuREUS може да стане дел од нашата облека, нашите автомобили, згради и нашите куќи. Ова е промена што можеме да ја направиме за иднината“, додава момчето.

Фото: The James Dyson Award