3 необични начини за забрзување на метаболизмот: луто, полуто, најлуто

Спијте во ладна соба, пијте уште едно кафе, јадете луто. Дури и ако метаболизмот се забрза само малку, придобивките ќе бидат повеќекратни.

0
165

Колку е брз метаболизмот, зависи од многу фактори – од генетиката, возраста, полот, но и од животните навики на кои можеме да влијаеме. Брзината на метаболизмот е брзина со која телото согорува калории, што влијае на тоа колку лесно добиваме или губиме тежина. Угледниот ендокринолог Франческо Цели открива необични начини за забрзување на метаболизмот.

Намалете ја температурата во спалната соба

Спиењето во поладна соба има корисен ефект врз здравјето, а новина е и тоа што го забрзува метаболизмот. Во истражување на Националниот институт за здравство, спроведена на 20 мажи доброволци, резултатите покажале зголемена потрошувачка на калории за време на спиењето, ако температурата е помала од 17 степени.

Пијте дополнителна шолја кафе

Неколку помали студии покажале поврзаност помеѓу консумирањето на кофеин, зголемената стапка на метаболизам и намалениот ризик за дијабетес тип 2. Д-р Цели открива дека причината за ова е тоа што кофеинот му помага на телото да ги разгради мастите. Сепак, не претерувајте. Премногу напитоци со кофеин во текот на денот можат да предизвикаат нервоза, гадење или несоница.

Грицкајте нешто луто

Капсаицинот, кој се наоѓа во лутите пиперчиња, докажано ја зголемува телесната температура и го забрзува варењето и губењето маснотии. Храната богата со протеини (месо, риба, пилешко …) се вари побрзо кога ќе ѝ се додаде барем малку чили. Руските лекари тврдат дека редовното консумирање на лута храна во мали количини го забавува стареењето и го зајакнува имунитетот.

Фото: Pixabay