3 пијалоци кои го намалуваат стомакот 

Ако мислите дека е нешто комплицирано, не се грижете, пијалоците се наједноставни и лесно достапни

0
561

Познато е дека газираните и алкохолни пијалоци воопшто не му годат на нашиот струк. Сепак, постојат неколку безалкохолни пијалоци кои ефикасно помагаат во топењето на масните наслаги. Се прашувате кои се тие?

Вода со вкус

Кога се обидувате да се ослободите од вишокот килограми, многу е важно вашето тело да биде хидрирано. Консумирање поголеми количини вода му помага на вашето тело да одржи соодветен баланс на течности, го запира задржувањето на водата (една од најголемите причини за подуен стомак) и помага да имате чувстви на ситост (со самото тоа, ќе јадете помалку).

Ако не ви се допаѓа идејата да пиете обична вода цело време, додадете билки (нане или босилек), цитруси (лимон, портокал, грејпфрут, лимета) и други нискокалорични, природни засилувачи на вкус (можете дури и да користите исечена краставица).

Ладен чај од нане

Тоа е одлично освежување за време на летото, но исто така е супер ефикасен пијалок и во секој друг период од годината кој ви помага да имате рамен стомак.

Нането му помага на вашиот стомак да ги свари мастите, а покрај тоа, помага во побрзо и поефикасно варење на масната храна  (шницли, хамбургери и сл.) спречувајќи надуеност.

Зелен чај

Покрај намалувањето на ризикот од карцином и срцеви заболувања, зелениот чај има придобивки за целото тело и содржи катехини, антиоксиданти за кои истражувањата покажуваат дека помагаат во намалувањето на масните наслаги од стомакот.

Ако пиете зелен чај пред вежбање, овие соединенија можат да го зголемат согорувањето на мастите во текот на аеробните вежби (велосипед, лента за трчање).

Фото: Pixabay