3 работи од декларациите кои треба да се игнорираат

Постојат информации за храната што не се толку важни за слабеење и зачувување на здравјето, односно со кои не треба да се оптоваруваме.

0
317

Декларациите за храна се важни и треба да се прочитаат, но има информации кои не се толку важни за слабеење и зачувување на здравјето, односно не треба да се оптоваруваме со нив.

Калории од маснотиите – Пред околу 30 години, маснотиите беа високо на црната листа на нутриционистите. Ние се осмелуваме да кажеме исто како што се и шеќерот и конзервансите денес.

Трендот на елиминирање на маснотиите од исхраната доведе до зголемување на процентот на шеќер, што пак доведе до епидемија на дијабетес. Маснотиите не се лоши“, вели диетичарката Ешли Ривер за порталот Msn.

Новите декларации, кои ќе бидат на производите од 2020 година, ќе го отстранат процентот на калории од маснотиите. Она што навистина е важно е типот на маснотии. Добри се мононезаситените масти кои ги наоѓаме во морската храна, оревите, авокадото и маслиновото масло, а заситената маст што се наоѓа во говедското месо, путерот и сирењето треба да биде ограничена на 10 проценти од вкупниот дневен внес на маснотии.

Во текот на денот, важна е рамнотежата помеѓу мастите, јаглехидратите и протеините.

Холестерол – Во 80-тите и 90-тите години беше омразен кај оние кои внимаваа на диетата, но се покаже дека не е сé црно-бело. Поточно, холестеролот што го добиваме од животинска храна има многу мал ефект врз нивото на холестерол во човечкото тело, односно ако јадеме месо богато со холестерол, нема да го зголемиме нивото на холестерол. Она што влијае врз него се транс мастите. Затоа, треба да се обрне внимание на количината на заситена маст во некоја намирница, а не на холестеролот.

Пораките на пакувањето – од „природно“ до „ГМО фри“ – етикетите на амбалажата честопати можат да нé збунат и се само маркетиншки трик. „Она што го пишува на предната страна од амбалажата, честопати е неверодостојно и не е регулирано од страна на владата“, предупредува нутриционистката Бони Тауб-Дикс, авторка на книгата „Read Before You Eat It: Taking You From Label to Tabel”, за споменатиот портал.

На пример, ’природно, на пример, нема вистинско значење. Предниот дел од амбалажата е како трејлер за филмови. Ако сакате реална слика мора да погледнете во задниот дел и да ги прочитате состојките”, заклучува таа.

Фото: Pixabey