Коцки со кокос, познати како – чупавци

Веројатно сите барем сте слушнале за овие колачи со оглед на тоа што станува збор за стар рецепт. Малку се покомплицирани за правење, но на крајот ќе ви се исплати целиот труд

0
970

Состојки:

За тестото:

5 јајца

10 лажици шеќер

1 ванила

150 мл зејтин

150 мл млако млеко

20 лажици брашно

1 прашок за пециво

За преливот:

220 мл млеко

10 лажици шеќер

2 лажици какао

200 г чоколадо за готвење

125 г путер

Малку рум по желба

За валкање:

околу 200 г кокос

Приготвување:

  1. Се матат јајцата со шеќерот и ванилата, се додава маслото, млекото и на крај брашното со пецивото.
  2. Смесата се става во намрсен и побрашнет калап (со пречник од 34 цм.).
  3. Се пече околу 30 минути на 180 степени во претходно загреана рерна.

Се остава да се излади и се сече на коцки.

  1. Преливот се спрема на тој начин што се мешаат шеќерот, какаото и млекото и се зовриваат. Се додаваат путерот и чоколадото и се меша додека целосно се стопат. Се додава рум.
  2. Се остава малку да се олади а потоа се потопуваат коцките и се валкаат во кокос.