4 грешки што ги правите кога варите ориз

0
630

Како да сварите совршен ориз?

Бел, интегрален, со долги зрна,…Постојат повеќе видови на ориз и постојат повеќе грешки кои многумина ги прават при неговото подготвување. Еве кои се тие…

Погрешни тенџериња

За да свариме ориз, го земаме првото тенџере кое ни е при рака, ја одбираме само потребната големина на садот. Тоа е една од грешките на кои ретко кој обрнува внимание.

Пожелно е тенџерето за варење ориз да има подебело дно за топлината рамномерно да се шири и постепено да се загрева. Дебелото дно од тенџерето има клучна улога и во процесот на апсорпција и „обликување на парните џеноби“ кои се многу битни при варењето ориз. Одбирајте тенџериња кои се погодни и за печење во рерна.

Не го плакнете оризот

Се сеќавате ли како порано вашите мајки и баби седеа на маса требејќи зрно по зрно ориз за да бидат сигурни дека во тенџерето нема да заврши и некоја нечистотија? Денеска повеќето само ја истресуваат содржината од кесата во водата подготвена за варење на оризот, посолуваат и варат. Препорака е оризот да се измие пред варењето под млаз ладна вода додека водата не стане бистра. Можно е на зрната ориз да останат валкани траги по обработката и пакувањето.

Натопување на оризот

Ако преферирате аримнатичен ориз, басамати или некој друг вид ориз, препорачуваме пред варењето да го натопите. Ако сакате да готвите со вино или пак правите рижото со морски плодови, секако натопете го оризот во малку вино за да биде поароматичен.

Варете на тивко

Многумина се чудат зошто оризот се преварува и се распаѓа, но проблемот може да е во тоа што го варите оризот на пресилен оган. Варете го на тивко.