5 кулинарски трикови со путер што треба да ги знаат сите домаќинки

Дали знаевте дека путерот може да му го продолжи векот на кромидот или да го одложи расипувањето на сирењето?

0
173

Ако сакате да јадете путер и ако го имате постојано во фрижидер, не е излишно да откриете неколку кулинарски трикови во кои тој игра голема улога.

Полесно сечење храна – Премачкајте го ножот со тенок слој путер и ќе биде полесно да исечете леплива храна, како што се карамел, пита или сирење.

Спречете појава на мувла – За да спречите формирање на мувла на рабовите на полу-тврдото сирење, намачкајте го со путер.

Отстранете го мирисот на риба – Откако ќе ја подготвите рибата, намачкајте ги рацете со путер и непријатниот мирис ќе исчезне.

Одржувајте го кромидот свеж – Нанесете малку путер на рабовите на исечениот кромид пред да го завиткате во алуминиумска фолија и тој ќе остане подолго свеж.

Спречете ја водата да искапе – додадете една или две лажички путер во садот со вода за да не искапе.

Фото: Unsplash