5 намирници кои не се исплати да се купуваат во екстра големи пакувања

Бидејќи ги пржиме и динстаме повеќето оброци во масло, веројатно сметате дека  има смисла да купуваме екстра-големи пакувања и со тоа да заштедиме од буџетот на домаќинството, нели?

0
416

Големите пакувања на храна гарантираат пониска цена за производ по парче. Ако имате големо семејство или подготвувате прослава, ова ќе биде плус за вашиот буџет. Помалите семејства при вакви набавки не само што нема да заштедат, туку и ќе изгубат пари.

1. Јајца

Воздржете се од купување големи пакувања од 30 јајца ако немате големо семејство или не подготвувате празнични колачи. Конзумните јајца обично имаат рок на траење од четири недели, такашто многу лесно може да се случи половина од пакетот да остане неискористен, односно да пропадне.

2. Зачини

Зачините не се расипуваат, но со текот на времето го губат интензитетот на вкус и мирис. По шест месеци, мелените зачини ќе престанат да го имаат својот „ароматичен“ ефект, а оние во едно парче – на пример, стапчињата цимет, може да трае до една година. Купувањето зачини во големи количини има смисла само во рестораните.

3. Масла за готвење

Бидејќи ги пржиме и динстаме повеќето оброци во масло, веројатно сметате дека  има смисла да купуваме екстра-големи пакувања и со тоа да заштедиме од буџетот на домаќинството, нели? Вистината е дека маслото ќе почне да се расипува за три до шест месеци по отворањето на пакетот, такашто вашата инвестиција нема да се исплати воопшто.

4. Индустриски сосови

Во однос на цената, секогаш се исплати да се купи поголем пакет индустриски сосови како мајонез или кечап. Но, треба да знаете дека нивниот рок на траење е драстично намален по отворањето на пакувањето, такашто ретко кој може да го заврши во дадено време.

5. Интегрален ориз и житарки

Целите зрна содржат поголем процент на масло, што ги прави поподложни на расипување отколку „белите“ алтернативи. Ако јадете ваков вид на храна, купете ја количината храна што планирате да ја потрошите за шест месеци. Поголеми количини би можеле да ви пропаднат.

Фото: Unsplash