5 митови за јагленохидратите кои се тотална лага

Јагленохидратите се лоши и ако сакате да живеете здраво и да ослабнете, мора да ги исфрлите! Колку пати сте го слушнале ова?

0
859

Постојано слушаме лоши работи на сметка на јагленохидратите па речиси секоја диета подразбира дека од нив треба да се откажете. Но дали е тоа навистина така?

1. Јагленохидратите ќе ве здебелат

Во стварноста, ова зависи од бројните фактори. Зависно од вашиот тип на тело, дневната рутина, целите кон кои се стремите … Јагленохидратите се извор на енергија за телото и ако таа енергија не се троши (преку телесна активност) тогаш се складира во телото.
Но, потребата за енергија варира од човек до човек. На професионалните велосипедисти им требаат околу 5000-6000 калории на ден, додека на човек кој седи во канцеларија му требаат само 2000-2500.
Клучот за постигнување, но и за одржување на здравата тежина е многу посложено од тоа едноставно исфрлање на јаглените хидрати од исхраната.
Добар план на исхрана е оној кој е одржлив и кој нема да бара од вас да се откажете од се што сакате. Нема ништо лошо во тоа еднаш неделно да се почестите со десерт ии со чоколадо, затоа што така поесно ќе ја „истуркате“ диетата.
Најдобар извор на јагленохидрати се свежото овошје и зеленчук, грашак, леќа, кафеа ориз, семки од сончоглед, благ компир, јаткасти плодови…

2. Сложените јагленохидрати се нездрави

Тоа повторно зависи од типот на храна за која зборуваме, дали е тоа процесирана храна која ги добива сите свои јагени хидрати од шеќерите или е тоа овошје како бананата.
На пример, крофната има голема количина јагленохидрати, но тие доаѓаат од шеќерите и од брашното. Затоа е лоша идеја да се јадат во големи количини, дури и наутро. Од друга страна, бананата за која исто така се смета дека има висока коичина калории, е добра за вас.

3. Ако го намалите внесувањето на јагленохидратите, ќе ослабнете

Многумина веруваат дека со ваква диета ќе изгубат килограми, но исфрлањето на јаглените хидрати има и негативни ефекти. Нашето тело функционира на енергијата што ја добиаме од јаглените хидрати, а ако е снабдувањето со ни ниско, телото го чувствува тоа.
И освен тежината, која доаѓа во облик на вода, е изгубите калиум и магнезиум, а тоа е доведе до чувство на слабост.

4. Едноставните јагленохидрати не се добри

Како што сугерира и самото име, едноставните јагленохидрати се лесно сварливи и телото брзо ги апсорбира.
Вообичаен мит е дека сите едноставни јагленохидрати се лоши. Но, многу овошје и зеленчук спаѓаат во таа категорија, а тие се секако добри.

5. Земањето јагленохидрати во втората половина од денот е нездраво

Очигледно, повеќе калории значат дека мора да изгубите повеќе со телесна активност, но тоа не значи дека треба да се откажете од нив. Ако тренирате навечер, после тренинг мора во организмот да ги внесете за да го поттикнете растот на мускулите.
Ако избегнувате јагленохидрати, не го поддржувате тој процес и што е уште полошо, тоа би можело да го зголеми нивото на кортизол и да го забави метаболизмот.