5 намирници кои ја намалуваат желбата за шеќер

Со правилна исхрана и со воведување во исхраната на намирници кои имаат во себе природни шеќери, можеме  да ја избегнеме големата желба за слатки.

0
973

Консумацијата на поголеми количини рафиниран шеќер создава предуслови за развој на дебелина, срцеви заболувања и дијабетес. Така се создава еден волшебен круг затоа што колку повеќе го јадеме толку повеќе ни се зголемува желбата за него. До таа желба доаѓа заради наглите промени на нивото на шеќер во крвта.

Нивото на глукоза во крвта нагло расте, но набрзо и нагло паѓа и создава повторно силна желба за благо. Со правилна исхрана и со воведување во исхраната на намирници кои имаат во себе природни шеќери, можеме  да ја избегнеме големата желба за слатки. Затоа ќе ви предложиме пет намирници кои со својата количина на природни шеќери можат да ги задоволат вашите потреби.

Јаболко

Една од најдобрите намирници за надминување на желбата за слатки е јаболкото. Тоа е богато со диетални влакна  кои создаваат чувство на ситост и ја поттикнуваат перисталтиката на цревата, а во исто време му го даваат на вашето непце саканиот сладок вкус.

Цимет

Главната состојка на циметот е хидроксихалкон кој го помага дејството на инсулинот што ја намалува потребата за шеќер. Исто така, циметот ги регулира наглите осцилации на нивото на шеќер во крвта и со тоа го намалува опаѓањето на нивото на глукозата по консумацијата на шеќери. На тој начин циметот ја намалува дополнителната потреба за дополнително внесување на шеќер во организмот. Циметот е одличен во комбинација со јаболко.

Пченка

Само еден клип пченка е доволен за да ја задоволи желбата за благо и да не засити. Пченката е многу богата со антиоксиданси и содржи бројни витамини, минерали и диетални влакна. На тој начин, пченката е многу подобар оброк од некои рафинирани кекси.

Батат

Варениот батат е исклучително сладок, а печениот уште повеќе. Печениот батат и исто така и поздрав, а има и убав карамелизиран вкус кога ќе се приготви во рерна. Бататот се препорачува за дијабетичари, а тоа ја гарантира неговата ефикасност во намалувањето на желбата за слатко. Богат е со витамини Ц, Д и Б6, како и со железо, а помага за превенција на срцевите заболувања, ракот и други дегенеративни болести.

Домати

Научните истражувања докажале деја ниското ниво на серотонин во организмот е една од главните причини на желбата за шеќер. Доматите содржат големи количини серотонин и кога ги консумираме, високото ниво на серотонин му кажува на нашиот мозок дека нема потреба за внесување на шеќери во организмот. Исто така, доматите се богати со хром, минерал кој го намалува апетитот и помага за регулирање на холестеролот, триглицеридите и нивото на шеќерот во крвта.