5 Трикови за заштеда на домашниот буџет за храна

Ако сте купиле магдонос кој овенал затоа што не сте стасале да го потрошите, смелете го, додадете маслиново масло, лимон и евентуално некое јаткасто овошје и направете вкусно песто за тестенини.

0
427

Зеленчукот, овошјето и зачинските билки брзо се расипуваат. За да го спречите ова, како и непотребното фрлање на храна, послужете се со овие трикови.

  1. Чувајте го зелениот лиснат зеленчук на вистинскиот начин

Најдобро е свежата храна да се јаде веднаш отккао ќе ја купите. Но сите знаеме дека тоа не е секогаш можно. За да се спречи фрлањето храна, а особено расипувањето на зеленчукот како спанаќ, блитва или кељ, важно е да се складира на вистинскиот начин.

Измијте ги зелените листови, добро исушете ги па завиткајте ги во хартиена ролна и ставете ги во пластична кеса. На овој начин ќе трае подолго.

  1. Направете сосови од зачински билки

Ако сте купиле магдонос или некоја друга зачинска билка кои овенале затоа што не сте стасале да ги потрошите, смелете ги, додадете маслиново масло, лимон и евентуално некое јаткасто овошје и направете вкусно песто за тестенини. Можете да го чувате во стаклен сад или да го замрзнете во садови за правење мраз.

  1. Ставете лимон во водата

Ставете го лимонот во пластична кесичка со малку вода и чувајте го во фрижидер. Така може да трае и до еден месец.

  1. Замрзнете го лебот

Лебот бргу се суши, па добро е кога ќе имате вишок леб, да го замрзнете. Така во секое време ќе имате леб кој најлесно можете да го одмрзнете такашто ќе го замрзнете веќе исечен на кришки па кога ќе го извадите, ставете ги директно во тостер.

  1. Зеленчукот претворете го во пире

Остатоците од тиква, морков и друг зеленчук можете да ги искористите за супа. Ставете ги во вода заедно со зачинските билки и сварете ги. Можете да ги замрзнете и да ги искористите подоцна.