6 грешки при готвењето што ги прават вашите оброци помалку здрави

Постојат работи што ги правиме во кујната секој ден, дури и без да помислиме дека се погрешни

0
852

Колку и да ви е понекогаш здодеано, готвењето дома всушност доведува до поквалитетна исхрана. Сепак, постојат неколку погрешни чекори што можеби ги правите и кои можат да ја жртвуваат здравствената исправност на вашите домашни јадења. Експертите наведуваат неколку од нив, и овие 5 треба да се поправат веднаш.

Посолувате без претходно да пробате

Без разлика дали се држите до рецептот или готвите „отприлика“, солењето на храната без претходно да го пробате јадењето може да резултира со оброк со повеќе натриум отколку што треба. Многу намирници што ги користите редовно, како што се конзервирани грав, домати, сосови за тестенини, сирење и други, природно придонесуваат за соленоста на оброкот. Затоа, за да не претерате, пробајте ја храната за време на готвењето за да можете да процените дали има потреба за солење и да избегнете непотребни количини на натриум во вашиот оброк.

Не ги користите сите делови од намирниците

Колку пати сте го излупиле зеленчукот пред да го готвите? За жал, многу луѓе отфрлаат парчиња овошје и зеленчук, како што се кожата, врвовите или „необични“ парчиња. Со ова се губат дополнителни влакна, витамини, минерали и антиоксиданти. На пример, нелупениот компир има 42 проценти повеќе растителни влакна отколку лупениот.

Исто така, излупениот компир има значително помалку антиоксиданти од нелупените, според студија од 2013. година. За да не изгубите важни својства, направете им на намирниците добар пилинг и искористете ги сите делови за вашиот рецепт или, уште подобро, купувајте органско, природно и испробано овошје и зеленчук.

Избегнувате маснотии

Целосно избегнување на маснотии додека готвите, е катастрофа за рецептот. Маснотиите се важен извор на енергија и се неопходни за раст на клетките, наведува Harvard Health Publishing. Но, настрана здравствената корист, маснотиите ѝ додаваат добар вкус на храната. Размислете: Дали некогаш сте јаделе салата без додатоци и навистина сте уживале во неа?

Покрај тоа, алтернативите со низок процент на маснотии имаат тенденција да ги заменат мастите со шеќер, особено кога станува збор за додатоците и сосовите. Наместо целосно да избегнувате маснотии, имајте на ум колку и каква маснотија користите.

Чекате со готвење додека не прегладнете

Ова е вообичаена стапица кога станува збор за подготовка на здрави оброци и обично води до една од двете опции: или го отфрлате домашниот оброк што планиравте да го направите или јадете се што ќе ви се најде пред очи пред оброкот да биде подготвен. Наместо тоа, подгответе ги состојките што ќе ги користите за готвење однапред и секогаш при рака имајте здрави верзии на закуски (овошје, зеленчук, јаткасти плодови и сл.). Однапред испланирајте ги оброците и избегнувајте уште едно нарачување на пица.

Се фокусирате на она што треба да го исфрлите

Скоро секоја година се појавува нова тренд диета што ни кажува каква храна треба да исфрлиме од нашите животи. Ова е причината зошто понекогаш сме фатени во наоѓањето на недостатоци во нашата исхрана, наместо да се фокусираме на тоа со што можеме да ја збогатиме.

Со други зборови, предизвикајте се да додадете уште еден зеленчук во вашиот оброк денеска, без разлика дали тој е вашиот омилен или никогаш не сте го пробале. Ова ќе помогне да се зголеми количината на зеленчук што завршува на вашата чинија или во садот, обезбедувајќи вредни хранливи материи за оброкот со минимален напор.

Цело време подготвувате иста храна

Можете лесно да влезете во рутина за готвење, а сукцесивното готвење на истата храна е најбрзиот начин да го направите тоа. Не само што целиот процес на готвење ќе стане уште потежок за вас, туку и почесто ќе нарачувате храна. Нутриционистички, ниту вие не си правите услуга. Консумирањето на разновидна храна има многу придобивки, како на пример добивање разновидни витамини, минерали, антиоксиданти и други хранливи материи. Покрај тоа, подготовката на 30 различни растителни намирници неделно е поврзана со поразновиден цревен микробиом, покажала студија од 2018 година.

Ако се најдете во ваква неволја, предизвикајте се да пробате нов рецепт или да истражите друга кујна, како што се кинеската или јапонската. Инспирација за рецепти може да најдете насекаде, од „Пинтерест“ и „Инстаграм“ до блогови за здраво готвење и до вашите омилени книги за готвење.

Фото: Pexels