7 намирници кои треба да избегнуваме да ги јадеме во зима

Благодарение на брзиот транспорт и новите системи за складирање, свежо овошје и зеленчук може да се купуваат во текот на целата година. Но, тоа не значи дека треба да јадете сè што ќе најдете на полиците на продавниците.

0
402

„Колку повеќе време поминува од собирање на производот до консумирање, толку помалку хранливи материи има во плодот“, вели Елизабет Сомер, авторка на „Eat Your Way to Happiness“. Затоа, треба да ја базираме исхраната на свежа храна од околината и да ја избегнуваме онаа што не е „во сезона“.

1. Шпароги
Овој зеленчук може да се најде во продавниците речиси цела година, но најдобро е да се консумира во пролет кога врвовите се тврди и вкусни. Зимските шпароги доаѓаат од земјите од Латинска Америка и се многу „дрвенести“ и невкусни.

Наместо тоа изберете:

Прокељ. Полн е со витамин Ц, кој го зајакнува имунитетот и витамин К, кој ги зајакнува коските. Најдобро е да го спарите со домашна сланина.

2. Праски
Летото е главната сезона за праските, кои тогаш се најсочни и најслатки. По август, тешко е да се најдат во продавниците. Ако ве пречека ова „влакнесто“ овошје на полиците во продавниците, веројатно дошло од Јужна Америка.

Наместо тоа изберете:
Агруми. На пример, портокали, кои се полни со слатко-кисел сок и други витамини и минерали кои го штитат организмот од сезонски настинки и грип.

3. Свеж грашок
Грашокот е пролетен деликатес и се смета за еден од најчистите зеленчуци на пазарот. Ако наидете на грашок во текот на зимските месеци, зрната ќе бидат брашнести и без вкус.

Наместо тоа изберете:

Замрзнат грашок од замрзнувачот кој се бере во екот на сезоната и има вкус најблизок до оној „вистинскиот“.

4. Кочан пченка

Јадењето варена или печена пченка е подобро отколку да грицкате чипс. Но, свежите кочани во зимските месеци се далеку од оние летни плодови полни со слатки и меки зрна.

Наместо тоа изберете:

Замрзнатите производи како слатката пченка се поздрава алтернатива на свежите намирници. Не можете да грицкате кочан во зимските месеци, но со консумирање на зрната сепак ќе добиете важни извори на лутеин.

5. Јагоди

Ако најдете јагоди во текот на зимата, тоа е производ што стоело во некој ладилник половина лето и цела есен. Таквите бобинки немаат вкус и мирис на јагоди, а хранливите материи исчезнале за време на долготрајното складирање.

Наместо тоа изберете:

Замрзнатите шумски плодови се собираат за време на нивната најголема сочност и совршено се комбинираат во подготовката на печени десерти како пити и штрудли.

6. Домати

Кон крајот на летото, доматите обезбедуваат максимален вкус, сочност и арома. Но, ако после тоа биле во ладилник неколку месеци, бидете сигурни дека плодовите ја изгубиле својата свежина и вкус и количината на ликопен.

Наместо тоа изберете:

Свежото е секогаш најдобро, но во зимските месеци, конзервирани супи и пире од домати, исто така, се корисни за подготовка на супи, чорби и сосови. Доколку имате можност, одберете тегли со органски одгледувани плодови и без конзерванси.

7. Боровинки

Боровинките не само што се екстремно скапи во зимските месеци, туку немаат витамин Ц и се склони кон побрзо скапување.

Наместо тоа изберете:

Замрзнатите боровинки се здрави како свежите и содржат речиси иста количина на антиоксиданти.

Фото: Pexels