7 намирници кои природно го снижуваат високиот притисок

За да го избегнете високиот крвен притисок, треба да се јаде храна со низок процент на сол. Нутриционистите предупредуваат дека против високиот притисок треба да се борите и со три моќни минерали: калциум, магнезиум и калиум.

0
794

Овие седум намирници се богати со калциум, магнезиум и калиум, кои природно го снижуваат високиот крвен притисок.

Бел грав

Во гравот се наоѓа значајна количина калциум, магнезиум и калиум кои благотворно делуваат на снижувањето на крвниот притисок. Гравот може да го јадете во облик на вариво, од него можете да правите супи, да го додавате во салати или да правите пире.

Обичен јогурт

Овој млечен производ е одличен извор на калциум и други минерали кои позитивно делуваат на човечкото здравје. Започнете го денот со јјогурт, но искористете го и за подготвување на нискокалорични сосови за салата и месни јадења.

Киви

Освен што се богати со витамин Ц, кивито ќе ви помогне за снижување на крвниот притисок. Најдобро е да се јаде свежо во овошни салати.

Праски

Добро е да се знае дека содржат хранливи витамини и минерали кои се добри за здравјето. Најдобро е да ги јадете свежи.

Банани

Со една средно голема банана ќе задоволите 12 проценти од дневните потреби на калиум. Тие се одлични и во борбата против стресот. Најдобро од се е што дури и кога ќе стане темна и презреана, не мора да ја фрлите. Замрзнете ја и направете од неа леден десерт.

Кељ

Овој лиснат зеленчук го нарекуваат супер храна затоа што има многу вредни антиоксиданси, а истовремено многу малку калории. Младиот кељ е најдобро да се јаде како салата или на лешо.

Брокула

Стотина грама варена брокула на пареа ќе задоволи 6 отсто од дневните потреби за калциум, 8 отсто од дневните потреби за магнезиум и 14 отсто за калиум. Богата е со антиоксиданси.