7 намирници кои природно го намалуваат високиот притисок

Нутриционистите предупредуваат дека против високиот притисок треба да се бориме и со три моќни минерали: калциум, магнезиум и калиум.

0
1235

За да го избегнете високиот крвен притисок треба да се јаде храна со низок процент на сол. Нутриционистите предупредуваат дека против високиот притисок треба да се бориме и со три моќни минерали: калциум, магнезиум и калиум. Овие седум намирници се богати токму со тие нутриенти.

Бел грав

Во гравот има значителна количина калциум, магнезиум и калиум која благонаклоно делува на снижување на крвниот притисок. Гравот може да се јаде во облик на вариво, а може и како салата или во форма на пире.

Обичен јогурт

Овој млечен производ е одличен извор на калциум и други минерали кои позитивно делуваат на човечкото здравје. Започнете го денот со јогурт, но искористете го и за приготвување нискокалорични сосови за салата и јадења со месо.

Киви

Освен што изобилува со витамин Ц, кивито ќе ви помогне и да го симнете крвниот притисок. Најдобро е да се јаде свеж.

Праски

Тие содржат многу хранливи витамини и минерали, добри за човековото здравје. Најдобро би било да ги јадете свежи или од нив да направите смути.

Банани
Со една средно голема банана ќе задоволите 12 отсто од дневните потреби за калиум. Ова овошје е одличен сојузник во борбата против стресот.

Кељ

Овој лиснат зеленчук го нарекуваат суперхрана затоа што има многу вредни антиоксиданти, а истовремено многу малку калории. Најдобро е да се јаде како салата или на лешо.

Брокула

Стотина грама варена брокула на пареа ќе задоволи 6 отсто од дневните потреби за калциум, 8 отсто за магнезиум и 14 за калиум. Овој зеленчук изобилува со антиоксиданси кои го чуваат здравјето, па треба што почесто да го имате на менито.