7 пијалоци со кафе што ќе ви ги сменат утрата

Ако во утринските часови се чувствувате изнемоштени, направете си смути со кафе.

0
456

Кренете рака ако најмалку еднаш неделно вашето утро изгледа вака: Алармот ѕвони, а вие барем три пати го гасите пред да станете од креветот и да почнете да трчате низ куќа, со едната рака се облекувате, со другата земате некој мусли бар за појадок.

За среќа, има мал трик што ќе ве заштити од потребата да го шмркнете кафето пред да истрчате низ вратата. Ако во утринските часови сте навистина изнемоштени, направете си смути со кафе.

Смути со кокос, индиски ореви и кафе

Секогаш кога ќе добиеме пијалок со вкус на милкшејк, без да додадеме внатре шеќер, е победа. За овој густ, кремав пијалок ви треба мала замрзната банана, ванилин протеин во прав, индиски ореви, рендан кокос и кафе. Можете да додадете и малку цимет.

Смути со путер од кикирики и еспресо

Клучот за вкусот на ова смути е во еспресото во прав, но ако сте во теснец со време, секогаш можете да го замените со чашка еспресо или половина шолја кафе.

Солено карамел Мока смути

Солениот карамел секогаш е добар почеток, нели? Сепак, овој пијалак има скромна тајна. Наместо карамел, во рецептот се користат урми, екстракт од ванила и какао во прав за да се добие вкус сличен на карамела.

Пеперминт Мока смути

Едноставно, додадете малку екстракт од пеперминт во кафето, банана, бадемово млеко и какао во прав, и сте добиле пеперминт мока. Ако се чувствувате фенси, додадете неколку свежи листови нане на врвот.

Ладнo смути со кафе

Ќе треба да го почнете приготвувањето навечер, но ќе се исплати. Пополнете пластичен сад за правење коцки мраз со остатокот од вашето кафе, а потоа ставете неколку коцки во вашето смути наутро.

Смути со овес и кафе

Кафе, овес и смути во едно? Додадете една лажица путер од ореви или бадеми, банана или неколку замрзнати цветчиња карфиол (да, добро прочитавте), кафе и млеко во вашиот блендер заедно со една четвртина чаша мелен овес. Ќе добиете подебела текстура но вашиот пијалак ќе ви даде енергетски поттик за да го почнете денот.

Чоколадно смути со кафе

Овој пијалок ќе ве потсети на вашиот прв обид да пиете „кафе“. За среќа, овој всушност има кофеин. И наместо со шеќер, засладен е со екстракт од ванила, урми и какао, што му дава вкус на чоколадо и боја што ви се допаѓа. И секако, додадете кафе.

Фото: Пинтерест