7 трендови кои во 2018.мораат да ги испробаат сите гастрољубци

Цвеќе во чиниите и чашите, реиши, чага и кордицепс, суперпрашоци, безалкохолни коктели и други тренди гастролошки марифетлаци

0
904

Синџирот на продавници Whole Foods ги анализирал предвидувањата на стручњаците, производителите на храна и на своите купувачи и објавил листа од 7 гастрономски трендови кои ќе бидат актуелни во 2018.година.

1. Цвеќе во чашите и во чиниите

Иако јадливото цвеќе е хит веќе извесно време во врвните светски ресторани, стручњаците предводуваат дека тоа ќе се најде и на трпезите на луѓето во нивните домашни кулинарски игри во текот на 2018. Тоа ќе бид еособено видливо на примерот на различни напитоци – од кафе со лаванда, преку чаеви со цвет од хибискус до разни други безалкохолни пијалоци облагородени со јадливи цветчиња.

2. Суперпрашок

Whole Foods предводува дека суперпрашоците ќе доживеат голема популарност во 2018. Станува збор за оние од типот на спирулина, матча прав или куркума. Тие ќе се додаваат во смутиња, во енергетски плочки, супи и други јадења.

3. Адаптогени печурки

Адаптогените билки се понов поим во гастрокултурата, а означуваат храна која ја зголемува отпорноста на организмот и го урамнотежнува нејзиното делување при стресни ситуации. Меѓу нив се наоѓаат и некои печурки како реиши, чага и кордицепс, од кои се приготвуваат супи и чаеви.

4. Блискоисточни намирници

Блискоисточната храна ќе доживее свој процут во 2018.година. И притоа не се мисли само на хумус и пити кои се веќе секојдневје и во нашата кујна. Благодарение на се посилните израелски, марокански, сириски и либиски влијанија, луѓето почнуваат да с еинтересираат за поширани јајца во сос од домати (Shakshouka), похуван кашкавал halloumi, но и за егзотични зачини како чили паста harisse, кардамом и мешавина za’atar.

5. Алтернатива за такоси

Тоа е гастро предизвик за 2018. Такосите се во тренд веќе неколку години, но наместо класични школки тие следната година ќе бидат послужувани во различни креативни алтернативи како алги и слични производи.

6. Користење на целата намирница
Ќе завладее и тренд на користење на целата намирница, од коренот до врвот. Подгответе се за испробување на салата од корен на брокула и карфиол или пак од закиселените зелени делови од лубеницата.

7. Безалкохолни пијалоци
Во 2018 ќе се наздравува со безалкохолни коктели. Притоа, ќе дојдат до израз пенливите пијалоци од јаворов сируп, бозел и слични намирници.