8 чаши вода дневно: мит или вистина?

0
1096

Потребата за дневна хидратација варира од човек до човек и се зависи од индивидуалните карактеристики на луѓето: здравствената состојба, тежината, висината, физичката активност, потењето итн.

Факт е дека во нашиот организам внесуваме вода преку пијалоците, овошјето, зеленчукот и приготвената храна, па е тешко да зимериме колку вкупно литри изнесува тоа. Стручњаците проценуваат дека барем 20% од дневното внесување на вода доаѓа преку храната. Во светлината на овие информации, тезата за неопходните 8 чаши обична вода се чинат неодржливи.

Научни докази за предноста на големото внесување на вода во организмот кај инаку здравите луѓе едноставно не постојат. Дури и да има вистина во оваа теорија тоа не би значело дека би требало активно да го следиме дневното консумирање на вода. Во основа е доволно да се однесуваме како што е вообичаено, односно, да пиеме кога сме жедни и кога ни е устата сува. Нашето тело води сметка да сме доволно хидрирани. Броењето на испиени чаши е во ред само во случај на алкохолни пијалоци!