Агенција за храна: Досега нема отстапувања во безбедноста на лукот

Агенцијата за храна и ветеринарство досега нема добиено нотификација за небезбедна пратка – лук, по потекло од Кина.

0
195

„Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија, досега нема добиено нотификација за небезбедна пратка – лук, по потекло од Кина. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат континуирани контроли на домашниот пазар, вклучително и со трговијата со овој вид зеленчук и на увозните пратки.

Досега не се евидентирани отстапувања во поглед на безбедноста на овој вид зеленчук.

Апелираме до граѓаните, да не наседнуваат на непроверени и непотврдени  информации за небезбедна храна од домашно производство или од увоз, кои најчесто се пласираат преку социјалните мрежи и непотребно создаваат заблуда и паника. До медиумите упатуваме апел, во интерес на објективното информирање, пред со сензационален наслов да ја објават, веста да ја проверат кај надлежните институции“, се вели во соопштението од Агенцијата.