Ајмокац

0
690

Состојки:

Мисиркино или пилешко свежо месо

3 моркови

1 пашканат

2 чешниња лук

1 кромид

Коцка путер и маслиново масло

Сол, бибер, мешавина од суви зачини

2-3 лажици брашно

Вода

Чубрица

Приготвување:

  1. Месото се става во тенџере со вода и се вари.
  2. По половина час се додаваат кромидот, морковите и пашканатот.
  3. На тивок оган, во друго тенџере се става коцка путер и малку маслиново масло и се додава брашното кое кратко се пропржува. Се додава и ситно исечканиот лук, а потоа се зема лажица по лажица од водата во која се вареше месото и се меша со рачна маталка за да не се направат грутчиња.
  4. Откако ќе се префрли целата вода, се става и исечканото сварено месо, се зачинува и се остава се заедно да се провари уште 5-10 минути.