Ако сакате да ослабнете, направете пита со чичоки

Кога ќе се навикнете на овие коренчиња, ќе видите дека можете да ги користите во различни варијанти, па дури и во фил за пита.

0
207

Коренчињата чичоки се богати со влакна и со протеини заради што му даваат на организмот енергија, го забрзуваат метаболизмот и го поттикнуваат согорувањето на мастите. Ако сакате да ослабнете, можете да ги ставите како фил во вашата пита.

Состојки за пита со урда и чичоки:

3 чичоки

300 г праз

1/3 кг урда

  • јајца

кори за пита

маслиново масло

зачини

Приготвување:

Обарете ги коренчињата, излупете ги и исечкајте ги на коцкички. Празот исечкајте го на тркалца и се заедно малку издинстајте ги на маслиново масло. Потоа тргнете ги настрана.

Изматете ги јајцата, додадете ја урдата и добро измешајте, а потоа додадете ги и чичоките и празот. Посолете и зачинете по желба.

Распоредете го филот врз корите и завиткајте ги во ролат, или наредете ги и обликувајте ги според тепсијата која треба да биде премачкана со малку масло и редете ги една врз друга. Печете пола час на 180 степени, па зголемете на 200 последните пет минути.