Ако се прашувате со што би можеле да го замените тој „незаменлив“ мајонез…

Луѓето кои сакаат мајонез тешко можат да се откажат од овој вкусен додаток, а да бидеме искрени, тој изгледа како навистина незаменлива состојка на многу вкусни салати. Но, сепак постои соодветна замена

0
394

Независно од тоа дали го сакате или не го сакате вкусот на мајонезот, факт е дека е тој преполн со калории и масти. На пример, само една лажица мајонез содржи дури 100 калории и 12 грама масти. Ако внимавате на внесот на калориите или едноставно сакате да се храните здраво, добрата вест гласи дека сепак постојат бројни алтернативи кои не содржат многу калории, а ќе ги задоволат и луѓето кои инаку не го сакаат вкусот на мајонезот.

Авокадо

Главните карактеристики на авокадото се здравите масни киселини, антиоксидансите и нутриентите. Исто така, авокадото содржи речиси 75 отсто помалку калории од мајонезот, а некои ќе се согласат, има и подобар вкус. Направите едноставен намаз од авокадо и заменете го мајонезот во разни салати и сендвичи.

Ставете во блендер 3 авокада, малку сок од лимон, 1 лажица јогурт, 2 шолјички маслиново масло и малку сол, измешајте и префрлете ја смесата во тегла. Можете да ја искористите во рок од една недела. Овој намаз може да служи како дресинг за салати, како меѓуоброк кој ќе го јадете во комбинација со зеленчук, а одличен е и во тортилји.

Мајонез со маслиново масло

За овој мајонез ви требаат и 100 грама индиски ореви кои ќе ги потопите во вода најмалку еден час. Потоа ставете ги во блендер и додадете 2 лажици ладно цедено маслиново масло, 1/2 лажичка морска сол и малку вода, зависно од тоа колку густа смеса сакате. Мешајте 2-3 минути и ќе добиете здрав верзија на овој омилен додаток. И индиските ореви и маслиновото масло се исклучително здрави намирници.

Песто сос 

Феноменалната комбинација од лук, босилек, пармезан и пињола има исклучително богат вкус. Нанесете песто на парче леб и врз тоа ставете моцарела, домат и спанаќ. Резултатот е совршен вегетаријански оброк.

Путер од бадеми

Навистина, путерот од бадеми има речиси иста калориска вредност како и мајонезот, но за разлика од него, содржи протеини, влакна, и витамин Е. Можете да го користите на разни начини и во многу јадења. Се консумира за појадок, заедно со ручекот или како попладневен оброк кога ќе почувствувате дека енергијата ви е опадната. Како замена за путер, користете го за правење сендвичи или намачкајте на тост.

Кисело млеко

Киселото млеко можете да го помешате со туна, јајца, со тестенини за да добијат малку поинаков вкус. Исто така, со кисело млеко можете да направите и една поздрава варијанта на француската салата.

Хумус

Овој намаз е многу популарен ширум светот заради богатиот вкус, хранливоста и ниската калориска вредност. Се прави од наут кој е многу здрав затоа што не содржи холестерол и заситени масти. Богат е со протеини и е омилен помеѓу вегетаријанците. Иако не е препорачлив како замена за мајонезот во салати, и натаму е добар избор како намаз во разни сендвичи. Можете да го комбинирате и со разни тортилји и пецива.

Младо сирење или урда

Уште еден млечен производ со низок процент на маснотии. За подобра арома, можете да го прелиете со сок од лимон, свежи зачински билки или да го помешате со мелен црвен пипер, а потоа да го додадете ви некои јадења кои дотогаш сте ги јаделе само со мајонез.

Фото: Pixabey