Ананас-бургери

0
198

После сендвичите со домати наместо леб, се рашири и новиот тренд на ананас-бургери.

Состојки:

8 тркалца ананас

4 плескавици

8 парчиња сланина

1 голем виолетов кромид

4 листови кашкавал

Зелена салата

Маслиново масло

Сол, црн пипер

Приготвување:

  1. Премачкајте го ананасот со маслиново масло, посолете, ставете црн пипер и ставете го на грил-тава. Испечете го од двете страни по околу две минути. Толку време е потребно и за кромидот.
  2. Ставете ги потоа во тавата и плескавиците кои ќе бидат готови за десетина минути, а потоа и сланината.
  3. Ставете во чинија тркалце ананас, врз него лист од зелена салата, плескавица, парче кашкавал, крцкава сланина, кромид и уште едно тркалце ананас.