Апликација за месни деликатеси

0
279

Апликацијата која уште во 2014.година ја измислила компанијата Meat & Livestock Australia специјализирана за маркетинг, истражување и развој на австралиското црвено месо е феноменална помош во секоја кујна во дел од светот.

За да можат корисниците да уживаат во најдобрите парчиња месо приготвени на правилен начин, доволно е да ја симнат апликацијата и да одберат вид на месо за кој сакаат да дознаат нешто повеќе.

Апликацијата Meat cuts дава можност за избор помеѓу говедско, јагнешко, телешко и јарешко и со кликнување на една од понудените опции ви нуди преглед на делови од животното и називите на одделни парчиња, пригодни методи на приготвување и причини заради кои е тоа баш така.
Освен совети, апликацијата нуди и рецепти за одбрани парчиња месо. Замислена е за кревање на самодовербата на готвачите-аматери кои го сакаат готвењето, но не се разбираат баш најдобро во месо, објаснуваат од компанијата.
Токму изборот на месо е најчест проблем при приготвување на јадење, Meat Cuts ќе ви помогне токму во тој поглед.
Апликацијата можете да ја најдете на линковите:
Iphone.
Android.