Јапонско јаболко во маслиново масло за зимница?

Време е за правење зимници...зошто да не се обидеме да направиме нешто ново? На пример, јапонско јаболко, познато и како каки, во маслиново масло

0
654

Сега е сезона за правење на зимници па веќе мириса на тазе испржен ајвар, а пазарите се преполни со краставички, јаболка, круши, карфиол, пиперки, модри патлиџани,…

Наскоро ќе стасаат и јапонските јаболка. За нивната лековитост е веќе сѐ напишано, а месото од ова интересно овошје се користи во колачи, овошни салати, за правење мармалад, ликер па дури и ракија. Но дали некогаш сте пробале да го спакувате во тегли, исечено на тенки ленти и потопено во ладно цедено маслиново масло и да го консумирате дури и кога на пазарите повеќе нема да може да се купи?

Оваа идеја ја „купивме“ на саемот за храна во Торино (Тера Мадре 2018.) кадешто една мала тегличка од оваа интересна туршија чини 5 евра. Од сега натаму ќе си ја приготвуваме сами и нема да не чини повеќе од евро.