Астронаутите направија пица во вселената (ВИДЕО)

На гладните астронаути на Меѓународната вселенска станица им се пријало пица па НАСА им ги испратила потребните состојки

0
193

НАСА се сожалила на италијанскиот астронаут Паоло Несполи и на Меѓународната вселенска станица ги испратила сите состојки потребни за пица, спакувани во специјална капсула.

За возврат, астронаутите го снимиле правењето на овој италијански специјалитет во бестежинска состојба.

Доматниот сос, пеперони, кашкавал, маслинки и теста за пици им стасале минатиот месец па тие почнале да снимаат како „летечките“ состојки стануваат пици. После подгревањето во соседната просторија, си ги подаваат пиците како летечки дискови.