Бадеми со јаворов сируп и какао

0
489

Печење на бадемите во рерна е лесно сѐ додека ги држите под будно око додека се печат. Кога сирупот околу бадемите ќе добие темно-кафена боја, тоа значи дека се готови. Доколку не сакате премногу зачинет вкус, не ставајте чили.

Состојки:
(за две шолји)

3 лажици јаворов сируп
3 лажици кафен шеќер
1 лажичка сол
1/2 лажичка чили
1/4 лажичка цимет
2 шолји бадеми
1 1/2 лажици какао

Приготвување:
1. Загрејте ја рерната на 150 степени и ставете хартија за печење врз тавата.

2. Измешајте ги јаворовиот сируп, кафениот шеќер, солта, чилито и циметот во тавче и загрејте ја мешавината на средна температура. Додајте ги внатре бадемите и гответе уште 3 минути со повремено промешување. Потоа истурете ги бадемите врз хартијата за печење во тавата во еден слој. Печете 20 минути, со повремено промешување да не загори, додека бадемите се испечат а сирупот добие темно-кафена боја. Извадете ги од рерна, промешајте уште еднаш за да се раздвојат залепените бадеми и оставете ги да се изладат.

3. Ставете ги бадемите во пластична кеса со какао и протресете ги за да се прекријат со какаото.