Бесплатен оброк во замена за собрано ѓубре

Луѓето можат да разменат ѓубре за бесплатна храна во првото 'Garbage Cafe' во Индија. Собраниот пластичен отпад ќе се рециклира и ќе се искористи за изградба на подобри и поцврсти патишта.

0
276

Велат дека не треба да ја фрлате храната, но во овој уникатен случај, отпадот што го собирате е она што може да ви донесе храна.

Индија само што го започна своето прво  ‘Garbage Cafe’ во градот Амбикапур во централната индиска држава Чаттисгарх. Иницијативата на општинската корпорација, потекнува од идејата да им се обезбеди храна на бездомниците и на сиромашните, а истовремено да се поттикне собирање на ѓубрето и одржување на чистотата на улиците.

Во ова кафуле се дава бесплатен оброк за секој килограм ѓубре што ќе го соберете или обилен појадок за 500 грама.

Таквите кафулиња за „ѓубре“ веќе работат во некои делови на САД, Европа, па дури и во Камбоџа, а многу објекти во целиот свет се дури и изградени целосно од пластичен отпад.

Но, овој е уште попосебен бидејќи планира да го искористи сиот овој пластичен отпад за да се изградат цврсти патишта во Амбикапур, кој се смета за втор најчист град во Индија, после Индор.

Амбикапур веќе има еден таков пат изграден целосно од пластични кеси и асфалт. Не само што ова е одличен начин за претворање на пластиката во нешто продуктивно, но овие патишта исто така траат подолго и се поотпорни на поплави и други видови оштетувања од вода. И со оглед на тоа што овие градови се длабоко загазени во сето ова ѓубре, па за некои дури и се прогнозира дека нема да бидат погодни за живот во иднина, навистина се потребни иницијативи како оваа за да се направи некаква контрола на штета.

Тие, исто така, се надеваат дека ќе ја прошират оваа шема за да обезбедат бесплатно засолниште за бездомници во замена за собраното ѓубре.

Фото: Pixabey