Боење јајца со пена за бричење или со шлаг-пена

Се ближи Велигден и секоја година се појавуваат се нови и нови техники на боење јајца. Сигурно ќе сакате да ја испробате и оваа затоа што е едноставна, само препорачуваме наместо со пена за бричење, сепак, да ги обоите со шлаг-пена

0
874

Класичното боење е здодевно па секоја година испробуваме нови техники за боење на велигденски јајца. Ви предлагаме нов начин на боење – со пена за бричење.
Ако сте малку сомничави кон пената за бричење и се плашите дека би можела да помине под лушпата на јајцето, можете да го направите овој трик и со шлаг пена. Потребни ви се само уште течни шарени прехранбени бои, сад, две лажички или стапчиња и варени јајца.

Постапка:
Поголема количина пена за бричење или шлаг ставете во садот. Капнете боја за колачи но не премногу за да не потоне на дното и да не ја обои еднолично пената. На истиот начин додадете ги и другите бои. Со лажичка или со стапче измешајте ги боите полека по површината, а потоа потопете ги јајцата во добиената смеса и кога јајцето ќе биде покриено со пена, извадете го и ставете го на хартиена салфета да се исуши. Потоа избришете ја пената од обоените јајца и вашето шарено јајце е готово!