Божикен колач со чоколадо и портокал

Не залудно најубави јафа кекси се оние со чоколадо и портокал. Еве уште една совршена комбинација од портокал и чоколадо како создадена за празници.

0
816

Состојки:

175 мл маслиново масло
140 г лешници
100 мл сок од портокал
Кора од 1 портокал
140 г брашно
1 прашок за пециво
50 г какао
3 јајца
175 г кафеав шеќер
Прстофат сол

Глазура:

75 мл сок од портокал
100 г црно чоколадо

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 170°C, а калапот за печење обложете го со хартија за печење.
Лешниците иситнете ги во блендер и помешајте ги со кората од портокал, прстофат сол и другите суви состојки освен шеќерот.
Помешајте ги маслото и сокот од портокал
Матете ги јајцата и шеќерот околу 10 минути. Полека додадете ја смесата со масло и добро измешајте. Додадете ги сувите состојки и полека мешајте.
Печете околу 55 минути.
Готовиот колач прелејте го со 5 лажици сок од портокал. Остатокот од сокот од портокал варете го тивок оган. Ставете го чоколадото во мал сад, прелијте го сок од портокал и измешајте. Ставете во фрижидер на 20 минути, прелијте преку колачот и послужете.