Божикен леб

Иако велат дека нема ништо поубаво од мирис на тазе печен леб, поточно е кога ќе се каже дека нема ништо поубаво од мирисот на празничниот Божикен леб со моркови, брусници и цимет

0
804

Состојки:

300 г брашно
1 прашок за пециво
1 ипол шолја рендани моркови
220 г кафеав шеќер
65 г суви брусници
1 лажичка цимет
2 јајца
125 мл млеко
125 мл масло
2 лажици семки од тиква

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180°C. Калапот за печење обложете ја со хартија за печење.
Помешајте ги брашното, пециво, морковите, шеќерот, брусниците и 1 лажичка цимет.
Додадете ги двете изматени јајца, млекото и маслото и се добро измешајте. Ставете ја смесата во калапот за печење, поросете со семките од тиква и печете околу 1 час.