Браунис од ржено брашно и лешници

0
344

Состојки:

200 г путер

200 г црно чоколадо

130 г ржано брашно

25 г какао

1 прашак за пециво

4 јајца

150 г кафеав шеќер

4 лажици инстант кафе (се мисли на веќе направено кафе)

2 лажички екстракт од ванила

125 г лешници

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени
  2. Премачкајте го калапот со путер
  3. Остатокот од путер и чоколадо стопете ги на пареа.
  4. Во друг сад помешајте ги брашното, какаото и прашокот за пециво.
  5. Изматете ги јајцата и шеќерот па додадете ги кафето и екстрактот од ванила. Полека додавајте ја мешавината од сувите состојки, стопеното чоколадо и мелените лешници.
  6. Ставете ја смесата во калапот за печење и печете околу 45 минути, додека површината од колачот не почне да распукува.
  7. Не го сечете пред да се олади.