Браунис со ореви

Овие колачи со чоколадо и какао можат да се прават во најразлични комбинации и никогаш нема да ни здодеат

0
309

Состојки:

100 г ореви

по 100 г млечно чоколадо и чоколадо за готвење

200 г путер

200 г шеќер

50 г какао

50 мл рум или сок од портокал

4 јајца

120 г брашно

За прелив:

80 г шеќер

100мл вода

30 г путер

24 јатки ореви

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Исечкајте ги оревите и чоколадото и растопете го путерот.

  1. Помешајте ги шеќерот и какаото и додадете ги путерот и румот, а потоа и јајцата и брашното и оревите и чоколадото.
  2. Ставете во тепсија за печење мрсна хартија и истурете ја смесата. Печете околу 30 минути.
  3. За прелив најпрвин растопете го шеќерот, а потоа додадете 100 мл вода и кога ќе зоврие додадете го путерот.

Исечете го колачот на коцки, ставете од јатките ореви и прелијте ги со преливот. Печете уште 5 минути.