Браунис со вишни

Иако е едноставен за правење, Браунис колачот (колачите) високо котира кај љубителите на слатки

0
506

Кога е направен како што треба овој колач е вистинско чоколадно задоволство, сочно и богато одвнатре, крцкаво од надвор. Токму во тоа е клучот за добар браунис и единственото нешто на што треба да внимавате е да не го препечете.

Запомнете, доволни се 30 минути а чепкалката со која се проверува дали е тестото печено, не треба да излезе сува, туку напротив, влажна..

Состојки:

80 г какао
45 мл зовриена вода
250 г темно чоколадо
200 г путер
100 г кафеав шеќер
2 кесички ванинилин шеќер
5 јајца
130 г интегрално брашно
1 прашок за пециво
суво грозје ( по желба)
вишни (од замрзнувач или од компот)
малку цимет, морско оревче
малку рум

Приготвување:

1. Во лонче помешајте ги какаото и зовриената вода за да се стопо какаото. Чоколадото и путерот стопете ги и оставете ги да се оладат.
2. Измешајте ги јајцата со шеќерот, а потоа додадете ги стопеното чоколадо и путерот, како и подготвеното какао и се полека измешајте со лажица. Додадете ги брашното, прашокот за пециво и зачините, грозјето кое претходно сте го потопиле во рум и на крајот вишните.
3. Ставете ја смесата во калап за колачи обложен со хартија за печење.
4. Печете на 180 степени најмногу 30 минути.