Браунис

0
606

Состојки:
2 ½ шолји сенаменско брашно
½ лажичка пециво
1 лажичка сол
1 шолја путер
2 шолји чоколаден чипс
1 ½ шолји кафеав шеќер
2 јајца
½ шолја + 2 лажици ликер од кафе

Прелив
¼ шолја путер
2 лажици ликер од лафе
1 лажица слатка течна павлака
2 ¼ шолји шеќер во прав

Приготвување:
1. Измешајте ги брашното, пецивото и солта.

2. Стопете ги путерот и чоколадниот чипс на пареа, па оставете ги да се оладат.

3. Со миксер измешајте ги шеќерот, јајцата и ликерот. Потоа во нив додадете ги сувите состојки и изматете.

4. Ставете ја смесата во тава во која сте ставиле хартија за печење и печете ги 40-45 минути на 175 степени.

5. Кога ќе ја извадите тавата веднаш посипете ја со 2 лажици ликер од кафе, па оставете целосно да се излади.

6. За преливот: Стопете го путерот, тргнете го од огнот, па во него додадете ги ликерот и течната павлака. Измешајте го шеќерот и потоа сипете врз колачот и повторно оставете го да се лади. На крај исечете го на коцки.