Брускети

0
694

Состојки:
1 филии бел леб
1/2 шолја маслиново масло
1 чешне лук, згнечен
1/4 лажичка бибер
1/2 лажичка сол
2 домата, излупени

Приготвување
1. Доматите преполовете ги и отстранете им ги семките. Исечете ги на коцки. Намачкајте ги кришките леб со лукот, со маслото, наредете ги доматите, ставете сол и бибер.

2. Потпечете ги на 200 степени, по 5 до 8 минути. Служете ги топли или изладени на собна температура со чаша вино.