Брз и калоричен појадок

Сè што некогаш сте посакувале за појадок е содржано во овој лесен рецепт кој може да се приготви и за повеќе луѓе.

0
334

Состојки:

12 тенки ленти сланина

2 црвени компири, исечени на тркалца

1 црвена пиперка, ситно сечкана

12 големи јајца

2 лажици сечкани свеж власец, магдонос или копар

Топол сос од домати за сервирање

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Завиткајте по 1 парче сланина во внатрешноста на чашките од калапите за мафини. Ставете 1 парче компир на дното од секоја чаша и поделете ги парчињата од пиперката за да имате за секоја чаша.

Се пече додека сланината не добие  светло-кафеава боја на горните рабови (од 10 до 12 минути).

Извадете го калапот од рерната и скршете по едно јајце во секоја чаша, внимавајќи жолчката да е внатре, во прстенот од сланина. Продолжете со печење додека не се запечат жолчките.

Извадете ги внимателно од калапите и поросете со свеж власец, ситно сечкан магдонос или копар. Ако сакате, послужете ги со топол сос од домати иако се убави и вкусни и сами за себе.