Брз ручек на лажица

0
607

Состојки:

1 кромид
1 бело месо од кокошка
Маслиново масло
1 кесичка замрзнат зеленчук за турлитава (може да се најде и свеж, но доколку немате многу време, ставете замрзнат)
1 филџан ориз
1 шолја наут
Сол, црн пипер, куркума

Приготвување:

1. Пропржете го кромидот на маслиново масло, па додадете го месото поделено на неколку парчиња.
2. Кога месото ќе се пропржи додадете малку вода и наутот што сте го оставиле да кисне преку ноќта. Нека се вари, а при крајот додадете ги и оризот и зеленчукот. Зачинете и оставете го поклопено на исклучена рингла.